Извршена е инсталација на современ систем за паметно земјоделство кај повеќе од 9 фармери и земјоделски производители во Преспанскиот регион, со цел подобрување на управувањето со наводнувањето и следење на условите во почвата.
Системот опфаќа контролери за автоматско наводнување, агрометеоролошки станици и почвени сензори за континуирано следење на влажноста, температурата и EC (електричната спроводливост) на почвата.
Решението е применето кај различни видови земјоделско производство, со најголем број корисници кај производители на јаболка, но и кај насади со лешник, малина и мешани производства.
Собраните податоци овозможуваат подобар увид во реалната состојба на насадите и помагаат при донесување одлуки за времето и потребната количина на наводнување, согласно условите на почвата и потребите на културата.
Со интеграцијата на сензорика, агрометеоролошки податоци и автоматизирана контрола на наводнувањето, производителите добиваат практично решение за попрецизно користење на водата, подобар мониторинг на насадите и поефикасно управување со производството.
9+ фармери | Јаболко | Лешник | Малина | Агро станици | Почвени сензори | Автоматско наводнување




