Системот е концeпиран со вертикално поставени рафтови, со што максимално се искористува расположливиот простор и се овозможува производство на повеќе производни единици на релативно мала површина. Вертикалното одгледување е особено погодно за microgreens поради нивниот краток циклус на производство и компактната форма на растението.
Контролирани услови за производство:
Во зависност од фазата на производство и видот на microgreens, системот овозможува следење и регулирање на:
Температурата на воздухот – одржување на зададена температура со автоматско активирање на системите за греење, ладење и вентилација.
Релативната влажност – следење на влажноста и нејзино регулирање со вентилација и/или систем за навлажнување/одвлажнување.
Осветлувањето – LED осветлување со програмиран интензитет и фотопериод, односно автоматско вклучување и исклучување во определени периоди.
Вентилацијата и циркулацијата на воздухот – обезбедување рамномерна распределба на температурата и влажноста и подобар воздушен проток околу растенијата.
Наводнувањето – целосно автоматизирано според однапред дефинирани параметри и производен режим.
Современиот систем за indoor и vertical farming користи сензори за температура, релативна влажност, светлина, поврзани со централен контролен систем, што овозможува континуирано следење и автоматско регулирање на условите







