Инсталиран е компактен и модерен Grow Box за производство и презентација на свежи Microgreens во продажен простор, изработен и прилагоден целосно според потребите и барањата на клиентот.
Системот е дизајниран така што овозможува одгледување на свежи Microgreens директно во продажното место, со контролирани услови за растење и атрактивен изглед кој го збогатува продажниот простор.
Grow Box-от е опремен со LED осветлување и систем за контрола на условите за растење, овозможувајќи одржување на оптимална средина за развој на растенијата. Компактниот дизајн овозможува ефикасно искористување на просторот, додека транспарентната и визуелно атрактивна изведба им овозможува на купувачите директно да го следат процесот на растење.
Решението претставува практична комбинација на урбаното земјоделство, современи технологии и директна продажба на свеж производ, со можност Microgreens да се одгледуваат и презентираат како свеж производ токму на местото на продажба.







