Агростаници усогласени со меѓународните стандарди, базирани на механичките компоненти и сензорските единици.
xSense PRO комуницира автономно со платформата xFarm преку мобилна мрежа со глобална покриеност или, по избор, преку мрежата LoRaWAN.
Поддржува до 32 LoRa xNode уреди, со опсег на комуникација од 1 до 3 km, во зависност од условите.
Напојувањето е независно и се обезбедува преку батерија на полнење и фотоволтаичен панел.
Уредот има и функција на гејтвеј (Gateway), која овозможува проширување на опсегот на собраните податоци преку дополнителни IoT сензори (xNode) поврзани на подмрежата LoRa.
Мерни параметри: Температура на воздух, влажност на воздух, бризина на ветер, насока на ветер, дожд, соларна радиација, влажност на лист.
Сензорот xLeaf, базиран на Phytos 31 од METER Group, овозможува следење на влажноста на листовите преку мерење на почетокот и времетраењето на навлажнувањето на симулиран лист.
Овие податоци се од клучно значење за предвидување на условите за појава на одредени растителни болести и инфекции.






