ЗК Пелагонија АД Битола – Адаптација на линеарки со систем капка по капка

Развиена и успешно применета е иновативна адаптација на линеарки за наводнување со систем капка по капка, како алтернатива на традиционалниот начин на наводнување со бренери.

Со ова решение е извршена пренамена и модернизација на постојната опрема, со интегрирање на така наречен подвижен капков систем директно на самите линеарките. На овој начин, наместо водата да се распределува преку бренери, се овозможува контролирано и прецизно доставување на водата директно до зоната на растителниот корен.

Адаптацијата претставува сопствено иновативно решение на нашата компанија, развиено со цел подобрување на ефикасноста на постојната опрема и поефикасно користење на водниот ресурс.

Решението овозможува подобра контрола на количината и распределбата на водата, намалување на загубите и порамномерно наводнување на производната површина.

Особено значајно е што иновацијата е тестирана и успешно применета во реални производни услови на преку 1000 хектари, со што е потврдена нејзината практична функционалност и применливост.

Технологии: Пренамена на опрема | Капка по капка | Иновација | Ефикасно наводнување | Реални производни услови