Инсталиран е целосен интелигентен систем за наводнување и мониторинг на опитно поле, наменет за реализација и следење на научно-истражувачки и експериментални опити за потребите на факултетот.
Системот интегрира целосна инфраструктура за наводнување, агрометеоролошки станици, почвени сензори за влажност, температура и EC, контролери за автоматско наводнување и комплетна автоматика на процесот. На тој начин се овозможува прецизно и контролирано дозирање на водата според однапред дефинирани услови и потребите на различните експериментални парцели.
Дополнително, имплементиран е Decision Support System (DSS) кој ги обработува податоците од теренот и обезбедува препораки поврзани со условите за развој на растенијата и ризикот од појава на болести. Системот е интегриран и со сателитски снимки, со што се овозможува дополнителен мониторинг и анализа на состојбата на растителната вегетација.
Инфраструктурата е проектирана за примена во различни типови опити и опфаќа поледелски, градинарски и овошни култури, овозможувајќи контролирано следење и споредба на различни режими на производство.
Со интеграцијата на автоматско наводнување, сензорика, агрометеоролошки податоци, DSS и сателитски мониторинг, опитното поле претставува современа платформа за прецизно земјоделство, научно истражување и развој на нови технологии и практики во земјоделското производство.
Техники: Опитно поле | Автоматско наводнување | Агро станици | Почвени сензори | DSS | Сателитски снимки | Поледелски | Градинарски | Овошни култури
