Фитотрони за одгледување микрозеленчук

Компанијата S’Smart Farming Technologies ги инсталираше првите фитотрони, познати и како Grow Boxes, за одгледување микрозеленчук, кои овозможуваат создавање идеални услови за производство на микрозеленчук во Македонија. Фитотроните функционираат самостојно и се опремени со сензори и поврзани уреди кои овозможуваат создавање и одржување оптимални услови за растенијата што се одгледуваат во нив.

На овој начин, растенијата го достигнуваат својот максимален квалитативен и квантитативен потенцијал, имаат подолг рок на траење и можат да се одгледуваат во текот на целата година, независно од надворешните климатски влијанија.